Тошиќ беше прва желба на новиот тренер Тамер Туном, на чие инсистирање се врати во Турција.

Објавил: Сара Фемина | 7 јануари, 2020 21:20

СЕГА Е ПОБЛИСКУ ДО КАРЛЕУША: Душко Тошиќ има нов клуб!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот играч на Црвена Звезда и репрезентативец на српската репрезентација, Душко Тошиќ, ја продолжува кариерата во турската Анталија.

Тошиќ беше прва желба на новиот тренер Тамер Туном, на чие инсистирање се врати во Турција.

Претходната сезона Тошиќ ја помина во Гванџу, Кина, каде негов тренер беше српскиот стручњак Драган Стојковиќ Пикси, кој неодамна го раскина договорот со клубот.

Во својата кариера има настапувано и за ОФК Белград, Црвена звезда, Bes.К Бешикташ, Портсмут, Вердер и Бетис.
Се етаблираше во ОФК Белград на почетокот на првата деценија на 21 век, а досега има две титули на турски шампион и еден германски, француски и српски куп.

Роден на 19 јануари 1985 година во Зрењанин, а детството го поминал во селото Орловат, во куќа полна љубов и со многу минимални финансиски средства за живот. Родителите Николета и Милорад се труделе на него и неговата сестра Катарина да им пружат што побезгрижно детство, но биле многу сиромашни.

Роден на 19 јануари 1985 година во Зрењанин, а детството го поминал во селото Орловат, во куќа полна љубов и со многу минимални финансиски средства за живот. 

Поради тоа неговиот татко Милорад морал да го испрати во Дом за незгрижени деца, каде што се школувал, а воедно и тренирал спорт, а од тоа денес заработува милиони.

Така започнала кариерата на Душко Тошиќ, успешен спортист и сопруг на Јелена Карлеуша.

Горд сум на секој детал од својот живот, па и на тоа што три години живеев во дом. и Џорџ Буш бил цвеќар па стана претседател на САД. Пред да почнам да живеам таму, патував од Орлова до Зрењанин и назад. Беше тоа многу напорно. Се будев во седум часот наутро, а дома се враќав околу 23 часот. Имав навистина многу обврски во Зрењанин и беше невозможно да патувам секој ден, а покрај тоа имав и силна желба да успејам во животот. Можеби малку го запоставив училиштето затоа што спортот секогаш ми беше на прво место, но никогаш не бев татин син, туку младич кој се постигна со сопствена работа.

Првите 6 месеци ми беше тешко да се навикнам на животот во домот затоа што таму бев единствено селско дете, но полека и таму создадов многу пријатели за цел живот.

И ден денеска се слушам со поранешните цимери и им помагам колку што можам, опишува Душко како изгледала преселбата и животот во Домот во едно интервју пред 12 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

За финалето што ќе се одигра на „Вембли“ на 12 јулидо сега се испратени 714.000 барања за билети, а тоа е скоро осум пати повеќе од капацитетот на стадионот.

ВЕМБЛИ Е МНОГУ МАЛ! Рекордни 28,3 милиони барања за влезници за Европското првенство 2020!

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) соопшти дека до сега добил околу  28,3 милиони барања...

Тој повторно бил на лекување по што бил пуштен од болница во Болоња. Оваа вест дека тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, денес ја напушти болницата Сент Орсола предизвика радост во семејството но и кај сите негови фанови.

Борбата со леукемија влегува во нова фаза- болницата во Болоња откри во каква состојба е Синиша Михајловиќ

Минатата година веста дека познатиот тренер Синиша Михајловиќ боледува од леукемија...

Веќе беше најавено сплотување и обединување на македонските навивачки групи, поради историската шанса која е пред Македонија. Навивачите на Вардар, „Комити“ веќе направија настан на Фејсбук и детална организација на денот и заедничко упатување кон стадионот.

„Комити“ го најавија историското сплотување на навивачите – за Македонија!

Репрезентацијата на Македонија го игра својот плејоф натпревар од полуфиналето во...