„Постојат многу конвенционални лекари кои не го сакаат тоа што го зборувам“, вели тој, па раскажа како пред дваесетина години бил на работ на смртта.

Објавил: Сара Фемина | 17 јануари, 2021 17:07

Сега крвниот притисок ми е 125/80: Д-р Несторовиќ откри како ја излекувал хипертензијата

Фото/Текст извор: ©ж.магазин

Во голема исповед пред ТВ-камерите во емисијата „Говорница“ проф. Д-р Несторовиќ зборуваше за семејството, сиромаштијата, здравјето. 

„Постојат многу конвенционални лекари кои не го сакаат тоа што го зборувам“, вели тој, па раскажа како пред дваесетина години бил на работ на смртта.

 Пред дваесетина години се чувствував лошо.
Се’ изгледаше добро, но се чувствував лошо. И тогаш разни лекари почнаа да ме лекуваат, сите мои пријатели, врвни доктори. Но, мене ми изгледаше дека ќе умрам.
Почнувам да се онесвестувам, добивам кризи со низок притисок. 

Кулминираше еден ден кога изгубив свест додека возам. За среќа, успеав да се свртам кон тротоарот и таму се онесвестив. Дојде брзата помош, сопругата… ми го измерија крвниот притисок кој беше 55 со 30. 

А земав лекови за крвен притисок. И видов дека тоа не води никаде. Па, почнав да истражувам за крвниот притисок малку повеќе.
Потоа наидов на книга од сериозен германски кардиолог и видов дека проблемот е во тоа што кога лекувате некој што има стресна хипертензија (висок крвен притисок), а јас го имав тоа, земате лекови и тогаш имате низок крвен притисок.

И тоа ниско ниво е поопасно затоа што тогаш луѓето добиваат мозочен удар затоа што нема кислород во телото. 

 Потоа прочитав еден Русин чие објаснување изгледа толку глупаво што беше сосема јасно дека е вистина. Тој рече – како што стареете, вашиот ‘рбет се осифицира, тој ги притиска крвните садови што одат до мозокот, а како помалку крв влегува во мозокот, тогаш мозокот испушта сигнали и го зголемува крвниот притисок за да добие повеќе крв. И таму, Русинот пишува дека треба да правите вежби за ‘рбет. Бидејќи имав и проблеми со ‘рбетот, решив да започнам да вежбам… сега имам притисок 125 со 80. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Со оваа донација, Банката во изминатите 10 месеци има донирано повеќе од 220.000 евра во справување со коронавирусот преку опрема и материјали во поддршка за здравствените работници.

ФИЛИПЧЕ: СТОПАНСКА БАНКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА КОВИД КРИЗАТА ДОНИРА ОПРЕМА И СРЕДСТВА КАДЕ ШТО Е НАЈМНОГУ ПОТРЕБНО

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, генералниот извршен директор на Стопанска...

Тој потенцираше дека во моментов сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, со што факторот Р0 се зголемува.

ФИЛИПЧЕ: ЛЕСНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, 70 ОТСТО ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ СЕ СО БРИТАНСКИ СОЈ, ВИКЕНДОВ СЛЕДУВА АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА ВО ОДРЕДЕНИ ГРАДОВИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна...

Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 15 ДО 21 ФЕВРУАРИ – ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 3,9% НОВИ СЛУЧАИ, ОЗДРАВЕНИ 1.760 ЛИЦА, ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНОСТ ВО ПРОСЕК 14,7%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 15 до 21 февруари...