Некои од припадниците на МВР наместо во оваа тешка состојба да се грижат за јавниот ред и мир во време кога има полициски час, се решија од позиција на моќ да упатат закани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 март, 2020 13:11

„Седете дома клошари“: Полицајци на граѓаните се закануваат со пендрек и 10 години робија (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Две непознати лица облечени во полициска униформа се фотографирале на социјалните мрежи, а потоа на објавата споделена на Фејсбук пишале „Седете дома клошари“.

Друго лице, кој исто така е сликан во полициска униформа е фотографиран пред огледало и пишал „Единицата формирана, ако ве зачекам после 9, пендрек и 10 години робија.

Две непознати лица облечени во полициска униформа се фотографирале на социјалните мрежи, а потоа на објавата споделена на Фејсбук пишале „Седете дома клошари“.

Министерството за внатрешни работи испитува кои се двете лица што фотографирани во автомобил, облечени во полициска униформа, споделиле фотографија на Фејсбук под која напишале ,,седете дома клошари”.

Како што дознава Слободен печат, во моментов се прават проверки за идентитетите на лицата како и за тоа од кои населби потекнуваат.

Се утврдува идентитетот и на трето лице, исто така облечено во полициска униформа фотографирано пред икона од светица, кое напишало на фотографијата: Единицата формирана, ако ве зачекам после 9 пендрек и 10 години робија, казна нема.

Овие фотографии и пораки предизвикаа вознемиреност кај граѓаните кои преку социјалните мрежи масовно ги споделуваат.

Од МВР за Слободен печат велат дека во текот на денот официјално ќе информираат за сознанијата до кои дошле, преку соопштение до медиумите кои изразиле интерес за настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Со плата од 14.500 денари, за гелот за дезинфекција во оваа тешка ситуација поскапува секој ден од 310 денари до цена од 1600 денари.

СРАМОТА- КАДЕ СЕ ИНСПЕКЦИИТЕ? Гел за дезинфекција од 310 денари СКОКНА до 1600 денари(ФОТО)

Гел за дезинфекција по дел аптеки низ Македонија достигна цена од неверојатни 1600 денари. ...

Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.

ПАДНАА ПРВИТЕ ОТКАЗИ ПОРАДИ КОРОНА: Мајки барале слободни денови по закон, нo добиле ОТКАЗ

Адвокатката Весна Богова информираше на социјалните мрежи за давање откази од работа...

Пред неколку дена Магазин дојде до шокантни сознанија кој упатуваат на конфликт на интерес во случајот со земени пари за јубилеен концерт на оперска пејачка.

Оперска пејачка од скандал во скандал – Одложила концерт за кој земала пари?

Пред неколку дена Магазин откри дека оперската пејачка Весна Ѓиновска – Илковска,...