Македонија
Вести
Денеска се навршуваат 17 години од смртта на најпопуларниот македонски пејач и музичка икона Тоше Проески.
Македонскиот уметник на 26-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска, кај местото викано Нова Градишка, кога автомобилот со кој патуваше се судри со камион.
Неговата смрт го потресе целиот регион и остави незаборавен печат во срцата на многу негови обожаватели. Тоше Проески беше многу повеќе од пејач, тој беше симбол на надеж и љубов. Неговата музика допре до срцата на многумина, а неговата хуманитарна работа го истакна како личност со исклучителна добрина.
По неговата смрт, македонското Собрание ја прекина седницата за да му оддаде почит со едноминутно молчење, а 17 октомври беше прогласен за ден на жалост во Македонија. „Би-Би-Си“ го нарече „балканскиот Елвис Присли“, што покажува колку беше обожаван и почитуван.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Музика
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.