Од Обвинителството информираат дека осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши.

Објавил: Сара Фемина | 25 јануари, 2020 12:00

Седум лица со фалсификувани пасоши фатени на охридскиот аеродром

Фото/Текст извор: ©sitel

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството информираат дека осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши.

Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година. Шест од осомничените со двете деца влегле во Република Македонија во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан.

Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...