
Македонија
Инциденти
По три часа тензии, заврши протестот за случајот „Монструм“. Дел од демонстрантите, меѓу кои и десетина лица со качулки на главите, останаа и понатаму да го каменуваат полицискиот кордон кој го запре протестниот марш кај поранешната стоковна куќа „26 јули“ на скопски Бит пазар и не им дозволи на неколкуте стотини демонстранти да го продолжат најавениот марш до Кривичниот суд, па до Собранието и до Владата, пренесе Радио слободна Европа!
Протестот почна од паркот во Чаир, но пред Мавровка бројни полициски сили и окопни транспортери ги запреа демонстрантите.
Тие побараа полицијата да се повлече, по што дел од нив почнаа да ја каменуваат полицијата, но беа запрени од обезбедувањето на протестот. Каменувањето на полицијата се случуваше во неколку наврати, при што биле повредени тројца полицајци и интервенирала брзата помош. Нападнати биле и неколку новинари и камермани на должност.
Демонстрантите на штитовите на полицајците залепија постер со ликовите на Бранко Црвенковски, Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети и со натпис „Криминална влада на Македонија“. Тензиите и каменувањето на специјалците продолжија, па полицијата ги потисна демонстрантите кон Бит пазар.
Претходно, на протестот дојдоа и пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи и поранешниот пратеник и поранешен припадник на ОНА, Хисни Шаќири, кои на албански разговараа со дел од демонстрантите.
По неколку тензични обиди за директен физички судир со полицијата, организаторот прогласи крај на протестот, но голем дел од демонстрантите останаа и повторно ја каменуваа полицијата.
Кратко потоа демонстрантите почнаа да заминуваат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.