Марк е и татко на три деца, и претходно немал никакви заболувања. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2020 12:12

Секогаш кога некој умира од Ковид-19, умира сам- свештеник од Ирска со емотивно сведоштво за коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк извор слободен печат

40 годишниот свештеник од Њутаунвардс, Северна Ирска, Марк Меклург, кој успеа да го победи коронавирусот по тешката борба, за BBC детално ги опишува симптомите на вирусот и вели дека сака да допре до целата јавност и да објасни зошто ова не е само обичен вирус.

Инаку Марк е и татко на три деца, и претходно немал никакви заболувања. 

„Имам коронавирус и последниве две недели се борам за мојот живот на интензивната нега. Сакав да споделам персонално видео за тоа колку смртоносен и опасен е овој вирус. Помогнете ми со тоа што ќе го ретвитнете ова. Мора да го заштитиме нашиот прекрасен медицински персонал“, напиша свештеникот кој преку видео-обраќање на неговиот твитер-профил рече: „Овој вирус е смртоносен и сака да го одземе целиот живот од вашите бели дробови“.

– Мислев дека тоа е тоа, готово, ќе починам, изјавил за BBC Марк.

Тој вели дека зсимптомите на коронавирусот ги приметил кога бил во својот дом. Открива дека не почувствувал ништо друго освен проблеми со дишење. Никаква кашлица, но температура од 38 степени. Марк првите симптоми ги почувствувал две недели откако веќе започнале проблемите со дишењето, но првиот тест на Ковид-19“,  бил негативен.

„Се качив во собата каде жена ми ги заспиваше децата и и’ реков: Клер, не можам да дишам. Се јавив во болница, ме земаа со температура од 38 степени. Веднаш ме тестираа, но првиот тест беше негативен на Ковид-19“. Неколку дена подоцна немав енергија. Докторот мораше да ми вметне цефка за ми даде седативи. Немав сила во белите дробови за да дишам. И се јавив на сопругата и и’ реков: Клер, јас ќе умрам тука“, вели Марк за BBC. Коронавирусот ги обзема белите дробови и ќе се обиде да го ишмука животот од вас“.  Секогаш кога некој умира од Ковид-19, умира сам. Немаат никој, срцепарателно е. Никој не ја држи нивната рака. Тешко е, и токму тоа ќе ви го скрши срцето“.

Инаку Марк  пред неколку дена по тешка борба успеа да го победи смртоносниот коронавирус и сега е дома со својата сопруга и трите деца.

 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата...