Пратеникот веќе ја соопштил среќната вест во Собранието, а колегите ги почестил со бајадера и открил дека очекуваат момченце, пишува Вечер.мк.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јануари, 2020 12:09

Секое летенце детенце: Милошоски ќе стане татко по петти пат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште едно детенце на пролет ќе ги израдува пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски (44) и неговата сопруга Симона.

Пратеникот веќе ја соопштил среќната вест во Собранието, а колегите ги почестил со бајадера и открил дека очекуваат момченце, пишува Вечер.мк.

Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев беа политичарите кои имаат најмногу деца. Милошоски од првиот брак има едно дете, синот Давид кој има 12 години, а од вториот брак со Симона го очекува четвртото дете.

Пратеникот и неговата сопруга ја потврдија веста за Вечер.мк а очекуваат Симона да се породи во текот на пролетта.

Нивните ќерки Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12), овој пат ќе добијат братче.

-Сите сме возбудени и радосни, се надеваме на лесна бременост и пожелуваме вакви убави вести во секое семејство,  изјави Милошоски за Вечер.

Пратеникот за Вечер.мк изјави дека тој е среќен што добиванаследник кој ќе ко продолжи неговото презиме а за името одлучува мама Симона.

Другарите и другарките на Давид на шега велат дека секое летенце, Милошоски добиваат детенце.

Со петтото детенце пратеникот Антонио Милошоски ќе стане првиот македонски политичар кој има многудетно семејство. Тој летоска заедно со неговиот пријател  Влатко Ѓорчев објави фотографија од дечињата, но сега Милошоски води, па се очекува Ѓорчев да го стигне. Влатко и Сузана, има 4 деца: Марта, Филип, Никола и Катерина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести