Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 февруари, 2021 15:16

Секоја година расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите, во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските субјекти и на тој начин да се придонесе кон подобри услови за напредок на спортот и постигнување на успешни спортски резултати на национално и меѓународно ниво“, кажа директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција и информираше дека преку овој концепт, во 2019 година 639 компании донирале 492.931.010 денари на 377 спортски субјекти, а во 2020 година 677 компании донирале 547.798.298 денари на 677 спортски субјекти.

Лукаревска истакна дека оваа мерка која се спроведува од 1 јануари 2019 година преку Управата за јавни приходи, на компанијата која донира во спортот, и се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт.

Исто така, Лукаревска ја објасни и постапката на ваучерскиот систем како едноставен, и истовремено, многу значаен за спортистите и за компаниите.

„Постапката е целосно електронска со тоа што даночниот обврзник преку електронскиот систем на Управата за јавни приходи е-Даноци поднесува барање, а УЈП врши проверка на расположливите средства на ваучерот. Потоа донаторот електронски ја известува УЈП за извршената донација и кон известувањето доставува и доказ за извршената донација, односно налог за извршена уплата на наменска сметка и извод од банка. По ова известување, Управата за јавни приходи го потврдува или го одбива правото на намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства. Компанијата преку оваа мерка може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт, а по исклучок може да донира и во два спортски субјекти од ист вид на спорт, само доколку едниот субјект е националнa спортскa федерациja, a другиот спортски субјект е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт“, истакна директорката на УЈП Лукаревска.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

„Тоа ни дава за право да констатираме дека ова е вистинска мерка и дека вистински се искористува во спортот и стигнува до крајните корисници – националните спортски федерации, клубови и спортисти. Системската поддршка што ја добиваат спортските субјекти на овој начин е клучна за остварување високи спортски резултати и за достоинствен живот и услови за работа на сите спортисти и спортистки, професионално и рекреативно. Со овој систем на распределба ја зголемуваме мотивацијата и интересот за спонзорирање на стопанските субјекти во спортот“, рече Мојсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од МакСпорт

Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

Георгиевски на прием кај Заев, доби уште 800.000 денари плус награда за среброто!

Новиот македонски херој Дејан Георгиевски кој донесе сребро од Летните Олимписки...

Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.

МАЕСТРАЛНО ВОЗЕЊЕ НА ИЏЕ: Стефановски победи на ТЦР трката на Валелунга

Игор Стефановски Иџе извозе фантастична трка на патеката Валелунга и стигна до својата...

Актуелниот европски првак делуваше уште некомпонирано и невоиграно и единствениот период во кој имаше иницијатива беа почетните 15-тина минути.

Е. Пелистер ја освои Струга и му најави на Вардар што го чека сезонава

Еурофарм Пелистер е освојувач на традиционалниот „Струшки турнир“, совладувајќи...