Во 2017 година од Опен Тејбл „Краст“ беше прогласен меѓу 100-те најдобри ресторани во САД, а според Трип Адвајзор, „Краст“ е рестораноВо 2017 година од Опен Тејбл „Краст“ беше прогласен меѓу 100-те најдобри ресторани во САД, а според Трип Адвајзор, „Краст“ е ресторанот број еден во Мајами. Местото меѓу најдобрите го задржа и во 2019.т број еден во Мајами. Местото меѓу најдобрите го задржа и во 2019.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 11:32

СЕКОЈА ЧЕСТ: Запознајте ги Македонците чиј ресторан е број еден во Мајами и меѓу најдобрите во САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонците Анита и Климе Ковачески, се пример дека со многу работа, посветеност и љубов може да се постигне целта за која сте сонувале. Имено станува збор за пар кој поседува еден од најпознатите ресторани во Мајами.

Нивната успешна приказна за ресторанот „Краст“ кој редовно е меѓу најнаградуваните ресторани во САД ја пренесува „VOA“.

Во 2017 година од Опен Тејбл „Краст“ беше прогласен меѓу 100-те најдобри ресторани во САД, а според Трип Адвајзор, „Краст“ е ресторанот број еден во Мајами. Местото меѓу најдобрите го задржа и во 2019.

Ковачески работи и како консултант за други ресторани.

За ресторанот кој е во сопственост на двајца македонци „Краст“ пишуваа и најпознатите американски весници, Форбс и Вол Стрит Журнал. 

Иако повеќето од рестораните кои се отвораат во САД, доживуваат неуспех по само три години, ресторанот „Краст“ успеал да се издигне на врвот и да ги помине сите предизвици и работи веќе пет години.

„Настојувам она што го работам да биде најдобро што може и да биде конкурентно. Од тие сто најдобри ресторани во Америка, кога проверив, овој беше единствен кој што го имаат Македонци. Тоа не значи дека нема други добри ресторани низ Америка од наши луѓе, но мене лично ми значи кога се успева и кога се зборува за тоа од каде сме“, вели Климе Ковачески, сопственик на ресторанот „Краст“ во Мајами.

Нивната љубовна приказна започнала пред седум години. Иако Анита живеела во Австралија сепак пред седум години љубовта ја натерала да се откаже од се, па се преселила во Флорида.

Ковачески работи и како консултант за други ресторани.

-Нашите награди не се засноваат на мислењето на еден човек, туку на мислењето на илјадници луѓе кои доаѓаат тука, вели Ковачески, кој не жали за трудот и времето вложени во ресторанот. Но, потребно е многу работи да се постават на вистинско место, вели тој. „Краст сега е познат ресторан и многу луѓе доаѓаат. Но, ако ние ја промениме улогата, јас и Анита. Ако таа влезе во кујната на еден ден, а јас ја водам салата, Краст нема да постои после три дена.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Малку е познато на јавноста дека еден од српските најистакнати епидемиолози има некои други посебни таленти, имено д-р Кон не е само успешен епидемиолог, туку и одличен пејач.

Вака пее и свири познатиот српски епидемиолог КОН: Освен медицината ова е неговиот друг талент (видео)

Српскиот епидемиолог Предраг Кон секојдневно ја информира јавноста за состојбата...

Според директивите на Министерството за здравство, сите лиценцирани здравствени установи мораат да ги третираат сомнителните или потврдените случаи како итни случаи.

Има 30 милијарди и другар е со ПУТИН: Се за владетелот во чија земја заразените имаат бесплатно лечење!

Во сите случаи на нов коронавирус во Обединетите Арапски Емирати, пациентите мора...