Имено Роналдово моментот е во карантитн во Мадеира, откако во јавноста излезе веста дека негов соиграч е заболен од Коронавирус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2020 10:44

СЕКОЈА ЧЕСТ: РОНАЛДО СВОИТЕ ХОТЕЛИ ГИ ПРЕТВОРА ВО ПРИВРЕМЕНИ БОЛНИЦИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кристијано Роналдо кој е познат по својата хуманост и овој пат ја покажа на дело. Имено португалецот , во овој момент кога светот е во страв од Коронавирусот кој зема замав особено на Балканот, реши својот ланец на хотели да го претвори во болници во битка за коронавирусот.

Имено Роналдово моментот е во карантитн во Мадеира, откако во јавноста излезе веста дека негов соиграч е заболен од Коронавирус.

Ѕвездата на Јувентус,  Кристијано Роналдо веќе неколку дена е во родната Мадеира, но нема симптоми, иако за неговиот соиграч од тимот на Јувентус веќе е потврдено дека има зараза со коронавирус.

Роналдо кој во моментот игра во дресот на “Старата Дама” поседува хотели во Поругалија, Франција и Шпанија, а од денеска тие хотели ќе ги претвори во болници за лечење на заразени од коронавирусот.

Ѕвездата на Јувентус, Роналдо покрај тоа се согласил и самиот да плаќа доктори и останат медицински персонал во тие хотели, пренесува „Марка“.

Пред само неколку дена беше соопштено дека еден од најдобрите играчи на Јувентус, дефанзивецот Даниеле Ругани е заразен од Корона.

Јавноста веќе е запознаена дека Роналдо е голем хуманитарец, тој досега неколку пати има помогнато на многумина ширум Светот кога се случуваа катастрофи.

Имено и неговата мајка пред неколку години го победи ракот, па Роналдо во чест на благодарност за животот на неговата мајка  реши да донира 100.000 евра на болницата која ја лечеше.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Администрацијата на Тотенхем, чиј стадион е еден од најмодерните во светот, разговараше со официјалните лица за употребата на стадионот.

ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените работници за борба против Коронавирусот!

Фудбалскиот клуб Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените власти да помогнат...

Станува збор за играчите на тимот Патрик Кутроне и Херман Пецела, како и тимскиот физиотерапевт Стефано Даинели.Со овабројот назаразени со Ковид 19 од редовите на Фиорентина порасна на четири.

БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ФУДБАЛЕРИ ПОСТОЈАНО РАСТЕ: Уште двајца од редовите на Фиорентина позитивни на коронавирус

Денеска преку соопштение екипата на Фиорентина потврди дека двајца фудбалери од тимот...

Роналдо е во само-изолација во Мадеира, поради тоа што неговиот соиграч Даниеле Ругани е позитивен на коронавирусот.

Роналдо испрати моќна порака од само-изолација: Ви пишувам како син, татко, човек…

  Откако во јавноста беше соопштено дека фудбалерот Даниеле Ругани е позитивен...