На 4 јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок.

Објавил: Сара Фемина | 21 септември, 2021 8:36

Секој вторник Санкт Петербург – Скопје, нова авиолинија на „Нордвинд Ерлајнс”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје.

Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.

По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз.

На 4 јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок.

„Нордвинд ерлајнс” е една од најдобрите седум руски авиокомпании. Нуди летови во повеќе од 200 дестинации, врши превоз од 95 градови во 20 земји и има над 650 летови неделно. Околу 150.000 патници ги користат нејзините услуги секоја недела. Во 2019 година, пред КОВИД-пандемијата, „Нордвинд ерлајнс” транспортирала скоро осум милиони патници. Авиокомпанијата оперира со 33 авиони „Ербас” и „Боинг”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе презема мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре, на...

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Утврдени 168 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09.2021) продолжи со засилените...