До редакцијата на КУРИР како што објави порталот пристигнале информации кои отвораат простор за сомнеж дека со неговото поставување на функцијата е прекршен законот за јавни институции и законот за здравство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 декември, 2019 15:24

Секој ден нов скандал : Филипче назначил в.д. директор на здравствена установа кршејќи неколку закони

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ден по ден нови скандали од редовите на Владата. Денеска порталот Курир.мк  објави дека во Здравствениот дом во Пехчево функцијата вршител на должност директор ја поседува Богдан Стојановски. Лицето кое е назначено за в.д директор воопшто не е вработено во иституцијата, а според законот за јавни претпријатија оваа функција може да ја добие само лице вработено во истата институција.

До редакцијата на КУРИР како што објави порталот пристигнале информации кои отвораат простор за сомнеж дека со неговото поставување на функцијата е прекршен законот за јавни институции и законот за здравство.

Стојановски станува вршител на должност директор со одлука на министерот за здравство Венко Филипче, без воопшто да се пријави на конкурсот.

Како што е наведено и во самото решение, на конкурсот за именување на директор се пријавуваат три лица: Даниела Георгиевска-Капушевски (во моментот вд директор), Ирена Тодоровска и Биљана Стефановска. Но, Филипче констатира дека ниту една од нив нема да ја именува за директор, па го вади “од ракав“ Богдан Стојановски. Го именува за в.д. директор на период не подолг од шест месеци.

За се да биде уште поконтраверзно, лицето Богдан Стојановски е и претседател на Управниот одбор во здравствениот дом во Пехчево. Според законот за јавни установи овие две функции се неспоиви по член 43 од законот за јавни институции.

Друг спорен сегмент од постапките на Филипче е неговата одлука досегашниот вршител на должност Даниела Георгиевска Капушевски која се јавила на конкурс за избор на директор во истата установа и ги исполнува сите услови да биде избрана за директор, но министерот не врши избор на директор туку поставува вршител на должност и тоа надвор од институцијата, обелоденува нашиот извор.

Се поставува прашањето колку пати ќе се крши законот?

Како што дознава КУРИР, истиот човек Богдан Стојановски работел во фирмата Рудине од  Делчево и се уште не е одјавен од Рудине (до 5.12.2019 година), а решението за назначување му е од 19.11.2019 година, како и разрешувањето на поранешната вршителка на должност, Даниела Георгиевска Капушевски. Значи од 19.11.2019 година па до 5.12.2019 година Богдан Стојановски има три функционерски места кои се неспоиви.

Дека ги врши истите функции, кои никако не смее заедно да ги извршува, може да се види и преку неговиот анкетен лист, каде јасно е наведено дека истовремено е и претседател на управниот одбор.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и за јавноста обелодени дека токму една од точките насредбата била и законот за јавно обвинителство.

Заев: Законот за јавно обвинителство ќе се донесе до 11 февруари

Екс-премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ, денеска најави дека можно е да се донесе Законот...

Мицкоски рече дека се обидел да биде попрецизен околу тоа што се случуваше, но и што му претходеше на она што вчера се случуваше на неуспешната средба поврзана со старо-новиот предлог на текстот за Законот за Јавно обвинителство“.

Мицкоски: Проблемот кај оваа власт е тоа што се се сведува на бројка

Проблемот кај оваа власт и со овие луѓе е што никогаш не ги интересира супстанцата,...

Од Обвинителството информираат дека осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши.

Седум лица со фалсификувани пасоши фатени на охридскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено...