Не е препорачливо да имате див секс, особено не кога жената ќе влезе во третото тримесечје од бременоста, но сепак, повеќето работи поврзани со сексот се изводливи.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 7:32

Секс пози во текот на бременоста!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Замислете си дека не сте имале секс девет месеци. Но, зошто воопшто би помислувале на нешто такво? Само затоа што на идната мајка ù расте стомачето, не значи дека не смее да има секс. Напротив, голем број жени во текот на бременоста имаат многу поголема потреба за секс, од кога било, а тој е безбеден за неа и за бебето.

Не е препорачливо да имате див секс, особено не кога жената ќе влезе во третото тримесечје од бременоста, но сепак, повеќето работи поврзани со сексот се изводливи.

Во продолжение следува извадок од книгата на Хелена Фрит Пауел „Be Incredibly Sexy: A Crash Course in Getting Your Groove On—and Keeping It There“ во која таа ги објаснува шесте секс-пози кои се одлично изводливи во текот на бременоста.

Секс пози во текот на бременоста

1. Жената одозгора

За да се изведе оваа секс позиција жената треба да биде врз партнерот, исправена со грбот или малку наведната, свртена спрема неговото лице или обратно, гледајќи накај неговите стапала. На повеќето жени брадавиците им се многу осетливи во текот на бременоста, така што ако е свртена со лицето кон партнерот, уживањето ќе биде обострано ако тој ù ги бакнува за време на сексуалниот однос.
.

2. Прилагодена мисионерска поза

Класичната мисионерска поза очигледно не одговара кога жената има големо стомаче. Затоа пробајте ја прилагодената мисионерска поза за трудници. Жената треба да лежи на грб, да ги повлече колениците кон себе и стапалата да ги потпре на градите на партнерот или да ги исправи нозете сосема и да ги потпре стапалата на неговите рамена. Мажот треба да клекне помеѓу нејзините нозе со колената потпрен на креветот. Ваквата секс поза не врши притисок врз стомакот, а за да ù биде на жената уште поудобно, може да си стави перниче под задникот.
.

3. Странична, со лицата еден кон друг

Во оваа поза двајцата партнери лежат на страна, свртени со лицата еден кон друг. Жената може да ја свитка ногата на којашто не лежи, околу телото на партнерот. Оваа поза не е многу практична во третото тримесечје од бременоста, бидејќи големината на стомакот го попречува природното пенетрирање.
.

4. Поза: лажица

Жената лежи на страна подвиткана во телото, а партнерот лежи исто така настрана, зад неа и нежно влегува одзади. Пенетрацијата е плитка, така што оваа поза е удобна за жената и во нејзината доцна бременост.
.

5. Влез одзади

Жената треба да застане на сите четири екстремитети како куче, ставајќи перници под неа за да не се измори, а партнерот да клечи на колена зад неа. Друг предлог е жената да се приближи до креветот, потоа да легне со горниот дел од телото на него, потпирајќи се на неколку перници за да не ù пречи стомакот, а партнерот да стои зад неа и да пенетрира во неа. Оваа поза е медицински наречена максимална пенетрација, така што жената треба да му реагира на партнерот ако почне да чувствува болка.
.

6. Седење

За оваа поза, мажот треба да седи на цврст и удобен стол или на крајот од креветот, додека жената со расчекорени нозе е седната врз него и го гледа в лице. Друг предлог за секс-поза за идните родители, е жената да биде седната во фотелја, со исправен грб или наведната малку наназад, со нозете свиткани околу нејзиниот партнер, кој клечи на подот на колена и пенетрира во неа.

Секс пози во текот на бременоста

Некои партнери сметаат дека сексот во текот на подоцната бременост претставува непочитување спрема бебето. Но, тоа е сосема погрешно размислување.

Хемикалиите кои се ослободуваат во текот на оргазмот кај жените, релаксираат и создаваат чувство на среќа, а кога мајката е среќна и бебето е. Својот внатрешен мир мајката го пренесува на бебенцето кое го носи во стомакот, а тоа сака да биде дете на родители кои имаат добра љубовна врска, која е „жива“ во секоја смисла на зборот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Секс

Колку повеќе сте возбудени, толку полесно ќе уживате во сексот. Затоа дајте си време и потполно посветете и се на предиграта додека не бидете доволно влажни и возбудени.

Уживање во сексот со голем полов орган !

Ако сакаме да бидеме искрени, секоја жена би била пресреќна со партнер чија машкост...

Станува збор за смирувачката „баласана поза“ идеална за оние кои сакаат да ја ослободат својата внатрешна сексуалност, без разлика дали практикуваат јога.

СЕКС-ПОЗА за силен оргазам на жените (ФОТО)

Во природата на човекот е да го подобри секој аспект во животот, па ни сексот не е исклучок....

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:

КАКО ДО ПОЖЕЖОК СЕКС: ДОЗНАЈТЕ ЈА ТАЈНАТА ЗА СТРАСНИ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ!

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе...

Додадете малку ентузијазам во ваквиот тип на секс. Ако не сте свесни, понекогаш со мало поместување на телото или аголот на пенисот, може да се достигне сексуална нирвана која ќе предизвика серија на оргазми.

6 секси пози од позади

Не е тајна дека “кучешкиот“ стил е голем фаворит на мажите, како и на голем број од...