
Свет
Србија
Во постпандемискиот период ќе се работи на дигитализација на туристичката понуда и на развој на домашниот туризам!
Поради пандемијата „ковид-19“, туристичкиот сектор во Србија е најпогодена индустрија, а периодот на стабилизација се очекува дури на крајот на 2021 година, изјави денеска ресорниот министер Татјана Матиќ.
Во првите 10 месеци од годинава вкупниот број на туристи падна за 48,4 проценти, бројот на пристигнувања на странски туристи за околу 75 проценти, а приливот на девизи од туризам за 27,5 проценти, вели Матиќ и укажува дека бројот на домашни туристи опаднал за околу 22 проценти!
Таа рече дека околу 800 луѓе останале без работа во туристичките агенции.
Таа исто така вели дека бројот на домашни туристи се зголемил за околу 25 проценти во август и во септември, кога растот бил околу девет проценти.
Во постпандемискиот период ќе се работи на дигитализација на туристичката понуда и на развој на домашниот туризам, особено на поттикнување на руралниот туризам, најави Матиќ.
Таа додава дека ќе се работи на реализација на конкурсот за доделување на кредитни средства за поттикнување на квалитетот на туристичката понуда и на указот за доделување на ваучери за поттикнување на развојот на домашниот туризам.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.