Села смета дека Референдумот е во ред но не и Договорот со Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 јули, 2018 13:49

Села бара “Албанец / граѓанин на Република Северна Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес по политичкото фијаско прв се огласи Зијадин Села претседател на политичката партија Алијанса за Албанците. Тој на денешната прес конференција истакна:

“Го поддржуваме Договорот со Грција и членството на Македонија во НАТО и ЕУ но имаме сериозни забелешки за кои сакаме да ја информираме јавноста. Загрижени сме за тенденциите кои ги имаат владеачките партии за Референдумот и промената на Уставот. Имаме забелешки во делот од Договорот со Грција односно патните исправи. Ние ќе бараме во патните исправи да стои “Албанец / граѓанин на Република Северна Македонија” како што е наведено за Македонците.”

Воедно посочи и дека неговата политичка партија бара во новата Преамбула во измените на Уставот да се наведе дека сите народи се еднакви:

“Македонија не ја сочинуваат само народите кои се дел од неа туку сите останати треба да се рамноправни без некој да се чуствува како носител на државјанство на Македонија. Носители се сите народи. Истите принципи бараме да се применат и за употребата на јазикот со име и дефиниција. Во Договорот се брани Македонскиот јазик – зошто не би се бранел и Албанскиот јазик?”

Зијади Села и Алијансата за Албанците шест месеци беше коалиционен партнер на СДСМ и ДУИ но ја прекинаа соработката кога Села реши на локалните избори да настапи самостојно.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика