
Живот
Интервју
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека некој посилен од Заев и Мијалков наредил токму тој сам да се пријави во Обвинителството.
За Села ова е скандалозен чин, а Мијалков контроверзна личност.
„Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата“, обвини вечерва Села во „Click Plus“ на ТВ21.
Додава дека Мијалков е повеќе од очигледно дека избегал но се вратил согласно некаков договор.
„Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој се уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27-ми април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно согласно некаков договор да се врати“, изјави лидерот на АА – Зијадин Села.
Во „Click Plus“ се дебатираше со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, аналитичарот Бесим Хода и новинарот Лирим Дулови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.