Изминативе денови и понатаму се врши притисок врз семејствата на жртвите и лекарите во болницата во Тетово.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 септември, 2021 16:49

Села: Се врши притисок и врз лекари во болницата во Тетово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неколку лекари од Тетово се соочуваат со притисок да потпишат петиција, во одбрана на еден од директорите на болницата, по пожарот во ковид-центарот. Ова го тврди лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села.

„Како да не беа доволни 14 живи запалени жртви. Владата, наместо да обезбеди праведни истраги и случајот да не се повтори, се обидува да се амнестира преку закани и уцени.

Изминативе денови и понатаму се врши притисок врз семејствата на жртвите и лекарите во болницата во Тетово.

Младиот Ибин Емшиу, кој ги изгуби таткото и братот во пожарот, пријавил дека му се закануваат да не прозбори и да ја каже вистината околу условите и пожарот во модуларната болница во Тетово. Од друга страна, неколку лекари пријавиле дека се врши притисок над нив да потпишат петиција, во одбрана на еден од директорите на болницата во Тетово, во ист стил како и обидот на директорите на клиниките во Скопје за спасување на Филипче“, напиша Села на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис? Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг.

Апасиев: Над 200.000 Македонци одбиле да се попишат

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека над 200.000 Македонци одбиле да...

-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. Изразуваме надеж дека нема човечки жртви.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне за пожарот во Тетово

Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот...

Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети.

Ахмети: Добивам кобни вести од најблискиот круг, вакцинирајте се!

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети преку објава на својата...