Според Гласот на Америка, усвојувањето на законот го носи американскиот претседател Џо Бајден на чекор до првиот голем законодавен успех. Мерките сега ќе бидат испратени до Претставничкиот дом за дополнително гласање.

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 март, 2021 10:50

СЕНАТОТ ГО УСВОИ ПАКЕТОТ ЗА ПОМОШ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНА: Демократите гласаа ЗА, републиканците ПРОТИВ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот Сенат усвои пакет финансиски мерки денес во рамките на борбата против епидемијата на вирусот корона во износ од 1,9 илјади милијарди долари, по неколкуте последователни измени на предлогот за обезбедување гласови на сите демократски сенатори.

Според Гласот на Америка, усвојувањето на законот го носи американскиот претседател Џо Бајден на чекор до првиот голем законодавен успех.

Мерките сега ќе бидат испратени до Претставничкиот дом за дополнително гласање.

50 демократи гласаа за законот, додека сите 49 републиканци беа против.

Пред да биде усвоен пакетот за помош, демократите и републиканците со часови дебатираа за спротивставените предлози за зголемување на надоместоците за невработеност погодени од епидемијата.

За да го добијат потребниот глас на умерениот демократ Манчин, демократите ја намалија предложената сума од 400 долари неделно на 300 американски долари неделно и воведоа намалување на данок за повеќето луѓе кои добиваат надоместоци за невработеност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Вакцинацијата против корона вирусот во Албанија продолжува со несмалена динамика...

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно!

Грчкиот министер за здравство: Во јули колективен имунитет во Грција

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото...

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Бугарите денеска избираат нова Влада, се очекува победа на Бојко Борисов

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката...