– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);

Објавил: Перо Милчин | 22 септември, 2021 7:27

Септемвриската пензија ќе се исплаќа од 28.09

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата вчера ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување нa Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари.

Две минимални плати не се доволни ниту за основните потреби

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари...

Според ОЕЦД, на земјава треба да ѝ се честита за усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и на Кодексот на добри практики за финансиска едукација.

Народната банка со највисока доверба во регионот

Во Македонија, повеќе од каде било во регионот, граѓаните имаат доверба во централната...