Петти октомври стана симболичен датум благодарение на него и сѐ она што препознававме во неговиот лик: човечност, хуманост, добрина, исклучителен талент, космополитски дух.

Објавил: Сара Фемина | 5 октомври, 2019 15:48

СЕЌАВАЊЕ И НЕПРЕБОЛ: Пред 12 години, Тоше Проески го одржа последниот концерт на Градски стадион!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска навршуваат 12 години од последниот концерт на Тоше, одржан на Градскиот стадион во Скопје. 

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ поп-ѕвездата Тоше Проески, на 5 октомври 2007 во 19:30 часот, одржа спектакуларен хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје, поддржан од организацијата УСАИД.

Парите од билетите, кои чинеа 200 денари, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. Со нив ќе бидат реновирани околу 100 училишта во Македонија, ќе се подобри наставната програма и ќе се спроведат образовните реформи.

Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот “Беовизија” со песната “Чија си си”, кој станува огромен хит во поголемиот дел од балканските републики.

На вечерната прес-конференција во хотелот „Континентал“, освен Тоше, присуствуваа претставници од УСАИД. Директорот Мајкл Еди, кој се обрати на македонски, рече дека се гордее што работи со ѕвезда од рангот на Проески. Тоше истакна дека „Никола Карев“, училиштето во кое учел во Крушево, забрзано се реновира.

– Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество – изјави Тоше.

Како негови гости настапија Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола. Тоше на прес конференцијата непосредно пред концертот истакна дека секогаш ќе се чувствува како Македонец и никогаш нема да ја напушти својата татковина. – На успехот секогаш е залепено зло зашто човечката природа е таква. Се надевам на поддршка од сите за да се справам со злобните луѓе, оти не можам да го направам тоа сам – рече пејачот.

Вториот голем солистички концерт на Тоше Проески, на Градскиот стадион, повеќеилјадната публика ќе го памети по неговиот силен и енергичен настап, како и по фактот дека таа ноќ Тоше максимално ѝ се даде на македонската публика. Особено запаметено останува неговото барање: „Сликајте ме со ѕвезденото небо”, кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.

Роден е како Тодор Проески во Прилеп, во влашко семејство, чие постојано живеалиште било Крушево.Музичкото образование го стекнува во музичко училиште во Битола и на Музичката академија во Скопје. Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик.

По завршувањето на концертот, на Тоше и на неговите колеги им беа доделени статуетки Мајка Тереза, од истоимената фондација, како знак на благодарност за хуманото дело. Тоше ја предаде статуетката на неговата мајка Доминика, која му ја всадила хуманоста од мали нозе. Додека се случуваше сето тоа, небото над Скопје, го осветлуваше величествен огномет во чест на Тоше.

Со специјални материјали, концертот од 5 октомври 2007 година, беше емитуван на Бадник – 6 јануари 2008 година на А1 Телевизија, од 15 до 19 часот.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото Фолксваген Туарег (Volkswagen Touareg) кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Мојата цел е да ја истакнам важноста на одредени проблеми, кои не беа истакнати, и би сакала да бидам пример со дејствувањето – рече Ѓоргиевска.

Пендаровска: Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, ја избришав од веб-страницата на Претседателот

Јас лично не ја претпочитам титулата Прва дама, затоа што отсекогаш верував во еднаквост...

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош.

Хари од Хонгконг: Ве молам за помош ја барам девојката што ја запознав во Охрид!!!!!

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners...