Здравство

Објавил: Калина Мартинска | 22 јули, 2024 15:18

Се бара начин како да се растерети Онкологија, пациенти ќе се примаат и во ГОБ„8-ми Септември”

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со нови вработувања на доктори и медицински сестри и ставање во функција на дневната онколошка амбуланта во ГОБ „8-ми септември” ќе се намалува притисокот врз Клиниката за Онкологија. Министерот Таравари најави дека за неколку недели онколошкиот блок во градската болница ќе почне со работа, а за околу шест месеци најверојатно ќе проработи и акцелераторот кој со години фаќал само прашина. А ќе се прават напори овие апарати да профункционираат и во штипската и битолската болница.

“Имаме децентрализација во здравството. Секако, во меѓувреме ќе треба Клиниката за онкологија да има договор со ГОБ „8 Септември“ за ова некако да биде под контрола на Клиничка за онкологија, зборувам за онколошки пациенти. Можам да кажам дека барем за месец дена, одредена терапија ќе започнат да примаат пациенти во „8-ми Септември“ со што делумно ќе ја растеретиме Клиниката за онкологија”, рече Таравари.

Според директорите на „8-ми септември“ и Клиниката за онкологија, идејата на министерот е одлична, тие велат дека подготвени се за новите предизвици, конечно да се подобрат условите за пациентите и вработените.

Таравари е дециден дека вработувања во здравството ќе има во најскоро време, а за покачување на платите на здравствените работници засега немало финансиски услови.

„Имаме огромен буџетски дефицит. Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратување во буџетот, бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор“, рече тој.

Независниот синдикат на здравствените работници и Здружението на приватни лекари пред еден месец посочија дека бараат зголемување на платите во здравството, решевање на статусот на лекарите и медицинските сестри кои работат, а немаат пензинско и здравствено осигурување, како и одложување на пензионирањето на матичните лекари.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...