Лавина реакции во јавноста и молк од претседателот на Собранието Талат Џафери предизвика објавената аудиоснимка на која се слуша како тој им вика употребувајќи вулгарни зборови на собраниски службеници по завршување на пленарна седница

Објавил: Перо Милчин | 13 мај, 2022 16:08

Се бара оставка на Џафери: Недостоен е да го води Собранието!

Фото/Текст извор: ©sloboden pecat

Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на Собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени, ги навредува и со најпогрдни пцости ги малтретира вработените во Собранието – велат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат негова оставка.

Лавина реакции во јавноста и молк од претседателот на Собранието Талат Џафери предизвика објавената аудиоснимка на која се слуша како тој им вика употребувајќи вулгарни зборови на собраниски службеници по завршување на пленарна седница.

Од кабинетот на претседателот за „Слободен печат“ велат дека Џафери нема да се изјасни за инцидентот, а вината за непримерниот речник ја префрлија на собраниските служби. Опозицијата побара првиот меѓу еднаквите да поднесе оставка. СДСМ и ДУИ, пак, молчат и одбегнуваат да го коментираат скандалот.

– Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да дава никаква изјава – ни изјавија од кабинетот на претседателот.

Според објаснувањето од кабинетот на Џафери, одговорноста е на тие што не го исклучиле тонот и не ја прекинале снимката. Оттаму не сакаа да коментираат дали Џафери ќе понесе некаква одговорност.

За однесувањето на Џафери реагираше ВМРО-ДПМНЕ и побара тој да поднесе оставка. Според опозицијата, скандалозен и примитивен е односот на Џафери, пцостите и навредите за вработените се недозволиви.

– Кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен. Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на Собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени, ги навредува и со најпогрдни пцости ги малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери, кој може да се слушне во видеоматеријал објавен во медиумите, е скандалозен, примитивен и целосно недозволив. Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и со народот воопшто. Тие вработени што Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Портапролот на партијата Наум Стоилковски на прес-конференцијата повика на оставка на Џафери наведувајќи дека тој веќе е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом.

– Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом – истакна Стоилковски.

Според него, станува збор за потврдена снимка од Талат Џафери.

– Во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери, коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието? Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквото примитивно однесување – вели Стоилковски.

Од Алијанса за Албанците велат дека таков мобинг и однесување има во повеќе институции, само што во Собрание тоа јавно се слушнало.

– Подолго време, не само Џафери туку и другите функционери на ДУИ, на ист начин ги третираат и државните службеници и граѓаните, а често се обидуваат така да се однесуваат и со пратениците. Ова е типично однесување на режим, на диктатура кои функционират само со страв и закани. Но, како што гледате, одамна ова не им поминува кај пратениците, а веќе почнале да реагират и да пријавуваат и службениците кои не трпат веќе диктатура. Наскоро и граѓаните ќе им го дадат одговорот и заедно сите ќе ги ослободиме од ваквиот брутален режим – вели за „Слободен печат“ Илирие Даути, координаторка на пратеничката група на Алијанса за Албанците.

Снимката која се појави на социјалните мрежи е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а според коментарите на објавите, таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.

„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е*авате мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!“, извикува Џафери на снимката, пред уште повеќе да го повиши тонот.

Според коментари на пратеници, на Џафери му се „споиле жичките“ на седницата на која поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието по два дена конечно го утврди дневниот ред. По седницата, кога пратениците излегле од салата, поради грешка на некој од службите во врска со седницата, Џафери избувнал и ги навредил присутните службеници. Никој од пратениците коишто ги контактиравме не сакаше јавно да го коментира инцидентот на првиот парламентарец, иако го осудуваат неговото однесување. Тие велат дека со непристојниот речник Џафери го урива дигнитетот на Собранието и дека не е важно дали вулгарностите се кажани по седницата, бидејќи пратеникот е 24 часа пратеник. Од друга страна, дел од собраниските службеници со кои контактиравме велат дека Џафери, главно, бил коректен кон вработените.

Иако побараа оставка од претседателот на Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека засега нема да поднесат интерпелација за неговата работа и дека прво ќе чекаат тој самиот да се произнесе за инцидентот. Неофицијално се коментира дека Џафери во следните 10 дена нема да свика седница и дека нема да се појави во Собранието за целата работа да се подзаборави.

Нема одговор ни дали некој од 120-те пратеници размислува да поведе постапка против Џафери за прекршување на Кодексот за етичко однесување на пратениците. Вербалниот инцидент на претседателот на Собранието, според Кодексот, може да се подведе под главата „тешки повреди“, односно член 14 алинеја 4, каде се вели дека  тешка повреда на Кодексот е да „врши притисок на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието во извршувањето на нивните работни задачи“.

За Џафери да одговара за прекршување на Кодексоттреба некој од пратениците да достави пријава до собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Со пријавата пратеникот треба да достави и докази со кои се докажува дека е прекршен Кодексот. Комисијата нема истражна надлежност, туку ги разгледува доказите и носи одлука дали пратеникот сторил повреда на Кодексот и каква. Доколку станува збор за лесна повреда пратеникот добива опомена, а ако повредата е тешка, пратеникот јавно ќе биде опоменет. Според информациите, за време од три години од кога е на сила Кодексот ниту еден пратеник не бил пријавен за прекршување на етичкиот Кодекс.

Ковачевски не коментира бидејќи не гледа кој со коги зборува

Премиерот Димитар Ковачевски ја погледнал снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието Талат Џафери, но не ја коментира зашто, како што вели, од неа не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара.

– Таа снимка ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува -изјави Ковачевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Тој додаде дека започнува градбата на на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј, а потоа следат и инвестиции како голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, изградбата на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија WPD.

Ковачевски од Струмица: Членството во НАТО носи инвестиции во енергетиката

„Сериозно сме посветени на инвестициите во енергетиката, бидејќи тоа е клучно во...


Повеќе од 5 години веќе немам никаков директен или индиректен контакт или комуникација со Данела Арсовска од причина што нашата комуникација беше исклучиво службена и траеше додека извршував јавни политички функции.

Лажни се и секојдневните шпекулации дека јас целосно или делумно раководам со партијата од дистанца од Будимпешта, дека Христијан Мицковски и други членови на раководството се среќаваат со мене кога доаѓаат во Будимпешта и дека јас давам некакви инструкции или на било каков начин учествувам во носењето одлуки на ВМРО-ДПМНЕ.

Потврдувам дека ниту еднаш од десетината доаѓања во Будимпешта не сум имал средба со Христијан Мицковски или некој кој е во негова придружба, ниту пак со некој од актиелното раководство на партијата (ИК и ЦК), од причина што таква средба не побарале. Зошто не побарале средба, тие најдобро знаат, но оние членови на партијата кои не се дел од сегашното раководство, кои добро ги познавам и кои побарале средба со мене, сме се сретнале на разговор кој најчесто е од пријателска природа со луѓе со кои во минатото сме соработувале“, пишува Груевски.

Груевски: Повеќе од 5 години не сум се видел со Данела, а Мицкоски никогаш не побарал да ме сретне во Будимпешта

Поранешниот премиер Никола Груевски во долг статус на Фејсбук вели дека иако не...

Протестот на бугарската партија ВМРО-БНД во Благоевград, во знак на несогласување со отоврањето македонски културен клуб во овој град, ќе се одржи подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, извести бугарската телевизија ТВ Нова.

ВМРО-БНД ЌЕ ПРОТЕСТИРА ПОДАЛЕКУ ОД КЛУБОТ „ВАПЦАРОВ“ Полиција дежура пред зградата каде ќе се отвори македонскиот културен центар

Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните...

Расправата во законодавниот дом се одвиваше на релација власт опозиција околу тоа дали и колу Пенов е вистинскиот избор за нов министер но не изостанаа ниту другите актуелни и политички теми.

Собранието го изгласа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа и избра двајца уставни судии

Со 63 гласа за и 30 против Ристо Пенов и официјално избран за нов министер за локална...