Познатиот кошаркар на Црвена Звезда и српската репрезентација, Огњен Кузмиќ се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа, што утринава се случила на патот Бања Лука – Приједор.
Кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ со својот автомобил „Порше“ се судрил со голема брзина со автомобил „БМВ“.
Тој и неговиот пријател се здобиле со тешки телесни повреди, додека двете лица во другиот автомобил завршиле со полесни повреди.
Кошаркарот на Црвена Звезда како што известуваат српските медиуми се наоѓа во кома. Тој се здобил со тешки повреди на главата и градниот кош.
Поради озбилноста на повредите Кузмиќ во 11:25 часот со хеликоптер на сервисот на Република Српска, итно е пренесен за Белград. Во Србија пристигнал околу 12:20 минути.
Кузимиќ во директниот судар, ја повредил исто така и долната и горната вилица. Како што тврди доктор Влада Џајиќ, нема хематоми на мозокот, но повредите се многу сериозни и се уште не може да се знае исходот на прославениот кошаркар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.