Првиот амбасадор на Австрија во Република Македонија, Харалд Кочи во познатиот “Виенски весник” излезе со свој став по однос на Преспанскиот договор и што тој значи за историската вистина за Македонија од пред 105 години.
Според поранешниот амбасадор Кочи, САД и НАТО имаат интерес да ја “окупираат” Македонија, под лажното руско влијание.
Изненадувањето на 30-ти септември беше големо. Кај балканските коресподенти и амбасади во Скопје, кај бриселската елита која допатува за поддршка на истата влада која со “regime change” беше донесена на власт од ЕУ и САД и да ја поддржува до последно и во медиумите.
На САД и НАТО итно му е потребна Македонија како место за заокружување на Русија, за да ја совладаат „евроазиската шаховска табла. – истакнува Кочи.
Кочи воедно смета дека со Преспанскиот договор се прави класичен културен геноцид на една нација.
Терминот “македонски”, како термин за самостојно – постоечко население, заедно со неговиот јазик и култура, кој се разви во оваа област од големата преселба на народите, на тој начин ќе биде збришан. Многумина ова го нарекуваат културен геноцид. И тоа е така. – констатира Кочи.
Првиот австриски амбасадор, долгогодишен пријател на Македонија, се осврнува и на историја и бришењето на Македонскиот идентитет.
Оваа редефиниција на македонскиот идентитет, историја, јазик и култура е вистинска цел на Грција, со ова надвор од Северна Македонија ќе нема македонско население, нема македонска историја, јазик и култура.
На овој начин, еднаш и засекогаш ќе се запечати вистината околу бруталната грчка анексија на Егејска Македонија во 1913 година, со нејзиното негрчко мнозинско население (Турци, Бугари, Македонци) и задолжителната грцијализација и кршење на човековите права. Егејска Македонија го доби својот нов хеленистички карактер кога се населија Грците од Мала Азија во 1923 година, врз основа на Договорот од Лозана. -пишува поранешениот амбасадор на Австрија во Република Македонија, Харалд Кочи.
Aрхива магазин: 2018
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.