Некои косовски градови денеска беа закитени со американски знамиња , во знак на благодарност до САД за поддршката за формирањето на војската на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Денеска во центарот на Приштина низ целата пешачка зона се веат Американски знамиња, како и по булеварите. Знамето на Америка е истакнато и пред владата на Косово, заедно со косовското, албанското и знамињата на НАТО И Европската унија. Американски знамиња се веат низ целата пешачка зона во центарот на градот.
Медиумите јавуваат дека освен во Приштина,со американски знамиња се закитени и центрите на неколку други косовски градови.
Собранието на Косово во петок треба да ја заврши законската процедура со изгласувањето на закони, со кои досегашните Косовски безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во војска на Косово. Најголема поддршка за формирањето на војската Косово доби од Америка и од други Европски земји.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.