Спорт
Ракомет
Вардар одигра моќни 30 минути против Веспрем во финалето од Лигата на шампионите, македонскиот тим води со 16:11 по првото полувреме.
Македонскиот ракометен шампион Вардар има моќен и ефикасен напад и цврста одбрана, во првото полувреме сè функционира како што треба.
Фантастичниот натпревар во почетокот беше изедначен и се играше гол за гол до 4-4, а потоа нашите шампиони почнаа да доминираат. На крајот македонскиот тим има водство од пет гола разлика, а во еден момент водевме и со шест.
Перфектна, агресивна одбрана на вардар, креативен напад во првото полувреме, најчесто преку пикерите кои беа незадржливи за Веспрем и Миклер, па предноста од два се зголеми на 8:5, односно 9:6.
Рожерио Мораес е најефикасен со четири гола, Милосављев има пет одбрани во првиот дел.
Македонскиот ракометен првак и шампион Вардар, игра вечерва за нова европска титула во Лигата на шампионите, а од трибините има поддршка од првиот човек и се уште единствен финансиер Сергеј Самсоненко.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Ракомет
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.