Министерот рече дека и покрај тоа што постојано се апелираше до граѓаните, сепак не се почитуваат мерките иако се знаат сериозните псоелдици од овој вирус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2020 10:33

Се влошува состојбата со Ковид 19- бројот на заболени на дневно ниво се зголемува!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче вчера посочи дека состојбата со Ковид-19 во земјава станува се полоша и истакна дека на дневно ниво се зголемува бројот на заболени, а според надлежните главната причина за ова е непочитувањето на мерките.

Филипче најави и можно воведување на нови рестрикции, како задолжително носење маски на отворено, ограничување на бројот на лица на одредени места, но и засилени контроли и казни.

Карантиот, појасни министерот, не го планираат и се надеваат дека нема да стигнеме до таму, и затоа мерките се помеки.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867. Оздравени се вкупно 14084 пациенти, а починале 705. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078, најмногу во Скопје 564, во Куманово 215, Тетово 134 и во Прилеп 119.

Министерот рече дека и покрај тоа што постојано се апелираше до граѓаните, сепак не се почитуваат мерките иако се знаат сериозните псоелдици од овој вирус.

-Да ги почитуваме мерките и да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптоварени и изморени здравствени работници кои заради зголемениот број пациенти нема да можат да пружат соодветна нега и грижа. Да ги почитуваме мерките, бидејќи тоа значи истовремено и почит кон здравствените работници, порача вчера на прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

И покрај можните ризици, сепак останува препораката училиштата да почнат со работа. За дневниот престој, се чекаат конечните бројки од МОН.

-Засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа. Ако го следиме функционирањето на градинките, секојдневно практично ги пратиме бројките и епидемиолошките мини случувања во однос на појава на мини кластери во рамките на поединечни општини за во таа смисла да може да интервенираме или да дадеме дури и некоја таргетирана препорака во некој еден одреден дел од земјата. Значи, не на територијата на целата земја и тоа не само врз основа на бројката, туку и врз основа на епидемиолошките податоци, односно како тие луѓе се заразиле, кои биле контактите итн, рече Филипче.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8 Септември“

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата...

Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Филипче го внесува системот во хаос, бараме одговорност!

Во денешното соопштение Вмро-Дпмне обвинува дека бројката од 22 починати од ковид-19...

Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“.

Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук предложи сите плакети и споменици...