Времето до крајот на денов ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи претежно од снег, во централните и во југоисточните предели ќе има врнежи од дожд и од снег а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (над 80 км/час).

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 10:10

Се враќа зимата- конечно ќе видиме снег!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Mетео презентерот Славчо Попоски објави нова временска прогноза, за следниот период. По пролетното време кое услови невообичаено високи температури за овој дел од годината и во Гевгелија истите се искачија до 21°C, од денес под влијание на многу постуден воздух од север кој е во склоп со циклонот ИНЕС, не очекува вистинско зимско време, типично за овој дел од годината.

Вчера силниот ветер кој го зафати Скопје направи штета низ улиците на главниот град.

Времето до крајот на денов ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи претежно од снег, во централните и во југоисточните предели ќе има врнежи од дожд и од снег а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (над 80 км/час).

На повеќе пониски места ќе се формира тенка снежна покривка, исклучок ќе бидат западните предели каде на некои места ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, на планинските места и над 20 сантиметри. Потоа од четврток следува период на постабилно и студено време, сепак не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег. До петок ќе продолжи да дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури на воздухот, понатаму насекаде ќе бидат негативни и понекаде ќе се спуштаат под -10 степени.

Максималните температури, исто така ќе бидат ниски и најстудено ќе биде во четврток кога истите ќе се спуштаат во интервалот само од -4 до 6 степени во најтоплите предели од државава, на повисоките и планинските места ќе биде уште постудено.

Славчо Попоски, временска прогноза…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.

Заев: Ќе градиме уште спортски сали за младите

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со градоначалникот...

Затекнатиот долг од околу 175 милиони денари, за една година го намали на околу 90 милиони денари, односно долгот кон 156 фирми сега е сведен на долг кон 30 фирми. На почетокот од 2020 година, ова претпријатие имаше побарувања од околу 100 милиони денари, а на почетокот од годинава има побарувања од околу 128 милиони денари.

ЕДНА ГОДИНА ПОД ГРАД СКОПЈЕ – ДРИСЛА СТАНУВА СОВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако...