Услови за врнежи од снег!

Објавил: Стојче Бушин | 18 март, 2020 9:18

СЕ ВРАЌА СНЕГОТ ВО ЗЕМЈАВА: Од понеделник голема промена на времето!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов времето во нашата држава времето ќе се задржи сончево и релативно топло, ќе има појава и на мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура денес се очекува да се искачи до околу 17 степени. Потоа до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилната, сува и релативно топла воздушна маса.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Според најновите направени анализи, од недела кај нас се очекува нова ГОЛЕМА промена на времето која ќе услови најпрвин врнежи од дожд. Потоа брзо и значително заладување, па така на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Од понеделник рано изутрина услови за врнежи од снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во северните и во западните предели од државава.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Времето денеска: Сончево и топло со мала локална облачност

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе...

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во крајните југоисточни предели истата има услови да достигне до околу 35 степени.

Времето во Македонија: Сончево со мала локална облачност

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб...

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Времето денеска нестабилно со појава на дожд, од среда стабилизирање!

Денеска времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална...