Причината за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдува.

Објавил: Сара Фемина | 1 јануари, 2020 14:20

Се запали стан во Струмица за новогодишната ноќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Околу два часот по полноќ избувнал пожар во стан на вториот кат од зградата број 25 на улицата „Јанко Цветинов“ во Струмица.

Како што информираат од ТППЕ Струмица повредени нема, но целосно е уништена една од собите на станот.

– Во гаснењето на пожарот, Територијалната противпожарна единица на Струмица учествуваше со четворица пожарникари и едно противпожарно возило и по еден час пожарот е изгаснат и не се прошири во другите соби и соседните станови, информираат

Осум интервенции кои се успешно завршени имала територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во текот на новогодишната ноќ.
Причинета е материјална штета, а само во еден случај има повредено лице кое најверојатно користело пиротехнички средства.

„Во 23:00 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули БитПазар на тераса од употреба на Пиротехнички Ракети настанат е ПОЖАР во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание.

Одма е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот. БППЗ-Скопје укажува дека и покрај апелите за правилна употреба на пиротехника, тоа без упатство е опасно“, напишаа од Пожарна Скопје на својата фејсбук страница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

ТЕШКА НЕСРЕЌА ЈА РАЗБУДИ МАКЕДОНИЈА: Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на „Октомвриска револуција“

Како што соопштија од Итна помош Куманово, едно лице загина, а друго е повредено во...

Моментално на терен се екипи на МВР , а коловозната лента е делумно проодна. Не е познато дали има жртви. Увидот е во тек.

НАЈНОВА ВЕСТ: Страшна несреќа во Скопје- Се преврте возило во населбата Аеродром (ФОТО+ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булевaрот ,,Јане Сандански”. Најверојатно...