За олабавување на мерките потребен е колективен имунитет.

Објавил: Едмонд Бекири | 21 февруари, 2022 7:15

Се намалува пикот на четвртиот ковид-бран

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се бележи пад на бројот на заразени во последните недели, а со тоа здравствените власти се надеваат дека доаѓа и крајот на четвртиот бран од коронавирусот.

За олабавување на мерките потребен е колективен имунитет.

„Доколку добиеме резултати кои што се позитивни, односно над 70% од имунизацијата вкупна во држават тогаш во тој случај може да кажеме дека веќе почнуваме со олабавување, односно олеснувања за нормално функционирање на нашите граѓани.“, вели министерот за здравство Беким Сали.

А колку далеку сме од колективен имунитет ќе покажат резултатите од скринингот кој се спроведува. 3.000 тестови низ Македонија, од кои 1.000 во Скопје. Во Битола се чекаше ред за тестирање, граѓаните велат дека бесплатниот тест е одлична можност која треба да се искористи.

Во однос на скринингот во училиштата од Министертвото за задоволни од одзивот.

„Она што го забележуваме моментално, е дека повеќето држави држат настава со редовно, односно нема онлјан, но за да бидеме релевантни и да не настанат некои штети по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока во која се движиме.“, вели Владимир Рендевски, заменик министер за здравство.

„Ние сме позитивно изненадени. Во текот на вчерашниот ден добивме 4.000 одобренија од родители за да се направи скрининг анализи со тестирање на деца кои што се на школска возраст. Нас ни беа потребни околу 1.000.“, рече Сали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е поинаква. Полни ходници деца, бидејќи Детското одделение, покрај од струшко, опслужува пациенти и од Дебар и Охрид

Хаос во детското одделение во охридската Општа болница, децата се носат во Струга

Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти,...

Поради тоа во аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.

Бројот на дијабетичари се зголемува, а терапија нема

Светскиот ден на дијабетисот кај нас се одбележува со недостаток на инсулинска терапија...

Според вработената на Онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пациентите во ноќната смена, а скапите терапии за рак, според неа, се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

На Онкологија се препродаваат лекови, тврди вработена на клиниката

Жена вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија во изјава за „Алсат“ сведочи...

Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури.

Оставки на Клинички, од директорските места заминуваат Софијанова и Васев

Оставка поднеле директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова и директорот...