Со обезбедувањето на овие средства, државата ќе може да започне со изградбата на основната инфраструктура за управување со отпадот на регионално ниво.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2021 11:22

Се обезбедуваат средствата за инвестирање во основната инфраструктура за управување со отпад во државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, денеска го посeтија Регионалниот центар за развој на Полошкиот регион, каде се сретнаа со претставници на консултантскиот тим и изведувачот заради увид во прогресот на имплементацијата на брзите мерките за рехабилитација на постојната локација за депонирање на отпад Русино, кои се предуслов за отпочнување на втората фаза од процесот на воспоставување на интегриран самоодржлив систем за управување со отпад во Полошкиот регион.

На средбата, амбадорката Зутер Техада изрази подготвеност за продолжување на финансиската поддршка на SECO, преку обезбедување на дополнителни средства за воспоставување на инфраструктурата и имплементацијата на Регионалниот план за управување со отпадот во Полошкиот регион, доколку државата обезбеди средства за продолжување на планираните активности. 

За таа цел, министерот Нуредини информираше дека на барање на МЖСПП, Владата на Република Северна Македонија на 2 февруари го одобри започнувањето на постапка за обезбедување на заем од меѓународни финасиски организации за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки Регион во висина од 55.367.614,00 евра.

Со обезбедувањето на овие средства, државата ќе може да започне со изградбата на основната инфраструктура за управување со отпадот на регионално ниво. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...