Но она што можеше да се забележи на веб страната во текот на изборната вечер, беше  фотографијата со пораката на „Анонимуси“ по хакирањето на агрегаторот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2020 10:34

Се огласија хакерите кои го нападнаа сајтот на ДИК: Ова е пораката која ја испратија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По синоќешниот хакерски напад на веб- страната на Државната изборна комисија сајтот и агрегаторот Тајм.мк, сега почнаа да функционираат.  

Хакерите посочија дека Тајме.мк бил цел на нападот поради најголемата посетеност.

Но она што можеше да се забележи на агрегаторот во текот на изборната вечер, беше  фотографијата со пораката на „Анонимуси“ по хакирањето на агрегаторот.

„Поминаа уште едни ‘демократски избори‘ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава. Попис? Pse Jo? Ама не можеме и нив да ги обвиниме кутрите напатени души гледаат колку за бело, моет,цигари и за белолебче да има да донесат дома“. Новата Влада ветува дека уште неколку џамии ќе се дигнат со цел да се избалансира перењето во МПЦ, оти не било убаво цел куп пари на едно место, оти ако се дупнел зејтинот ќе се лизне низ прсти додека ги бројат стои во дел од пораката од група Анонопсмкд.

Имено вчера во текот на вечерта се огласи и сопственикот на „Тајм.мк“, Игор Трајковски кој истакна дека агрегаторот е цел на напади. Тој посочи дека за вакво нешто мора да се има дадено многу пари и соопшти дека  преку 20 милиони ИП-адреси вршат напади и дека хакерите го купиле целиот „дарк веб“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Кој е Лазар Еленовски, „идниот премиер“ на Македонија?!

Во медиумите вече на големо се шпекулира за договорот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ,...

Воедно и лидерот на Левица, партијата која освои два пратеника на изборите, Димитар Апасиев, јавно соопшти дека ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа.

Мицкоски и Ахмети разговараа за ново парламентарно мнозинство!

Откако вчера албанскиот весник Лајм објави дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкосски...

На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, вели професорот.

Д-р Пановски: Пациентите што по вторпат имаат Ковид 19, најверојатно првиот пат не биле болни туку само носители!

Во изјава за Слободен Печат, професорот Никола Пановски посочува дека има и такви кои...

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6.

ПЕНЗИОНЕРИ СО ШТРАФЦИГЕР ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД НОВИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои...