Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, велејќи дека расизмот е ужасна работа.
Убиството на Џорџ Флојд е многу страшно. Расизмот е нешто страшно. Општеството во Соединетите држави е многу поларизирано, рече Меркел во интервју за телевизијата ЗДФ во четвртокот, коментирајќи за прв пат за ситуацијата во Соединетите држави по убиството на Флојд за време на полициското апсење.
Како што додаде таа, политиката треба да се обиде да ги зближи луѓето и да ги помири.
На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп има улога во поларизацијата на американското општество, таа рече дека неговиот политички стил е контроверзен, јавуваат германските медиуми.
Сепак, таа додаде дека соработува со избраните претседатели на сите земји, вклучувајќи го и американскиот претседател и изрази надеж дека ситуацијата во Америка ќе се смири.
Илјадници луѓе ноќеска присуствуваа на комеморацијата на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој минатиот понеделник беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис.
Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд беа меѓу собраните на комеморацијата во капелата на Универзитетот.
Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во тишина осум минути и 46 секунди.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.