Во меѓувреме се огласи и првиот човек на Австралија опен, Крег Тајли, кој не сака да обвинува никого, вели дека постојано биле во контакт со властите на оваа држава.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 јануари, 2022 12:41

СЕ ОГЛАСИ ДИРЕКТОРОТ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН: БИ САКАЛ НОЛЕ ДА ИГРА

Фото/Текст извор: ©sport media

Уште малку останува до целосната разврска околу Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на Австралија опен.

Српскиот тенисер кој остана заглавен во Мелбурн, утре ќе ја дознае пресудата, неговиот адвокатски тим доби дополнителни денови за да се подготви, а се чини има и добри докази, според сето она што можевме да се изначитаме овие денови.

Во меѓувреме се огласи и првиот човек на Австралија опен, Крег Тајли, кој не сака да обвинува никого, вели дека постојано биле во контакт со властите на оваа држава.

„Не сакаме да обвиниме никого. Постојано се шират контрадикторни информации. Од недела во недела постојано сме во контакт со власитите, со Министерството за внатрешни работи, со луѓето кои се на сите нивоа на власт за да бидеме сигурни и да работиме исправно иако постојано нагласувавме дека вакцинацијата е задолжителна. Но, информациите постојано се менуваа, бидејќи сме исправени пред голем предизвик“, изјави Тајли.

На прашањето дали Новак ќе игра на Австралија опен, тој вели дека сака да го види на турнирот.

„Би сакал да го видам како игра на Австралија опен“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.