Зоран Заев се огласи по големиот скандал кој го објави италијанскиот весник Ла Верита...

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јануари, 2020 16:40

Се огласи Заев за обвинувањата на Ла Верита: Да имаше ВМРО-ДПМНЕ докази ќе ме осудеше

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска Ла Верита објави нов скандал под насловот “Купопродажба на гласови во Македонија” во кој е инволвиран и екс-премиерот Зоран Заев, тој се огласи велејќи дека доколку ВМРО имало цврсти докази ќе бил осуден.

На парламентарните избори вo 2014 не победи СДСМ, но во секој случај тој изборен циклус го одбележа почетокот на институционалната криза којашто и ден денес е присутна во Македонија. Без разлика на ветувањата за принципиелна оставка во случај на пораз, Заев остана на неговото место изјавувајќи дека не ги признава изборните резултати и дека сака да го бојкотира новиот парламент.

»Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев за обвинувањата.

По месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, може да продолжиме со објавување во три делови на документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев. Тој за време на парламентарните избори во 2014г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев, објави денеска Ла Верита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести