
Македонија
Култура
Македонскиот режисер, Јани Бојаџи, човекот чиј филм “Ругање со Христа” беше цензуриран од страна на Владата, и како што и самиот изјави, лично Зоран Заев, на социјалните мрежи ги „подбра“ неговите колеги, уметници левичари, како што вели чии маски паднале.
Бојаџи се огласи на социјалните мрежи со следниот пост – порака:
Падна и АСНОМ!
Ама паднаа и маските драги мои уметници – лажни левичари! Молк, а? Нели бевте антифашисти?
Нели одевте по стапките на борбата за слобода? Нели ова, нели она…?!
Но, ќе дојде и денот кога ќе ви ги тргнат сите знамиња зад кои се криете! Е тогаш од вас ќе остане само она што во суштина отсекогаш сте биле – најдолни фашисти свежо конвертирани од титоисти во “демократи евро атлантисти”!
Не знам за другите ама за себе си знам, па ете ви порачувам – се гледаме на барикадите!
Смрт на фашизмот – слобода на народот! – напиша Бојаџи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.