Имено станува збор за видеото кое ги преплави социјалните мрежи, на кое се гледа како девојка сака да уништи такси возило, а при тоа таксистот доаѓа кон неа и ја турка доле на асфалтот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јули, 2019 18:57

Се огласи претепаната девојка Добрила: Откриена причината поради која таксистот ја нападна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Завчера немил настан го потресе Скопје, и ја крена јавноста на нозе, за запирање на насилството врз жената.

Жената се обидува да му наштети на автомобилот, а потоа следува нападот врз неа

Имено станува збор за видеото кое ги преплави социјалните мрежи, на кое се гледа како девојка сака да уништи такси возило, а при тоа таксистот доаѓа кон неа и ја турка доле на асфалтот.

Случајот бил пријавен во полиција на 24.07.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Центар каде било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С.(30) од Скопје, изјавија  од МВР за КУРИР и додадоа дека е извршен разговор со лицата и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против нив.

На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, по што таа полугола паѓа на тротоар.

Но жената која беше нападната од таксистот, денеска во вестите на Канал 5 телефизија ја откри причината поради која била нападната од таксистот. Таа вели дека прво вербално била нападната, дека тој ја нарекувал со погрдни зборови, а потоа кога таа сакала да му се одмазди и физички ја нападнал.

Станува збор за 30- годишната Добрила Стефановска која раскажа дека била натепана од таксистот за банална причина, односно тој немал да и врати кусур.

Ќе има ли кривична одговорност за некој во овој случај?- е прашањето на кое граѓаните бараат одговор од надлежните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Опозицискиот лидер вели дека и покрај притисоците, неговата партија нема да дозволи промена на Уставот за во него да бидат внесени етничките Бугари.

Мицкоски: Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени ќе се повлечам од политиката

Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена...

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...