Во таа насока, Ременски рече дека токму овој ден кога во Собранието треба да биде изгласана техничката влада, не е случајно избран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јануари, 2020 16:37

Се огласи Ременски: Ова е само избрзана одлука

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросина Ременски тврди дека одлуката за обвинение против неа е избрзана и апсурдна затоа што нема никакви докази против неа.

Kако што претходно беше сведочено, пратеничката Фросина Ременски со својот углед и авторитет го поддржувала на средбите со бизнисмените. Таа се товари за помагање во измамата, бидејќи му давала совети на првообвинетиот. Ременски давала упатства за да имаат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите, се вели во соопштението на обвинителството.

-Во однос на одлуката на Јавното обвинителство можам само да искоментирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение. Тоа секако ќе се докаже, но за тоа некој мора да сноси одговорност и можам слободно да кажам дека со овој процес можам слободно да најавам и реформа на Јавното обвинителство, имајќи предвид дека многу од прашањата допрени во јавноста останаа неодговорени и секако тука не очекувам соработка од останати институции, но очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон, изјави Ременски.

Во таа насока, Ременски рече дека токму овој ден кога во Собранието треба да биде изгласана техничката влада, не е случајно избран.

-Факт е дека причините за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат и јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен, рече Ременски.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице за случајот со Меѓународниот сојуз. Обвинети во овој случај, познат во јавноста како „Рекет 2“ се првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Фросина Ременски, асистентката во Меѓународниот сојуз Христина Блажевска и потпретседателката на сојузот Јасна Мандиќ.

Ременски кажа дека нејзините политички активности за изборите се замрзнати, но дека нема ништо против тоа што не учествува во подготовката на изборниот процес. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Опозицискиот лидер вели дека и покрај притисоците, неговата партија нема да дозволи промена на Уставот за во него да бидат внесени етничките Бугари.

Мицкоски: Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени ќе се повлечам од политиката

Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена...

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...