Тој беше син, брат, сопруг и татко на две годишната Јована!

Објавил: Стојче Бушин | 17 октомври, 2020 12:19

Се огласи сопругата на починатиот Трајче Нешковски: Се трудам да сфатам, дали е ова вистина или сон

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Веќе два дена, роднини, пријатели и сопартијци, се простуваат од прерано поч инатиот д-р Трајче Нешковски.

Синоќа со статус се огласи и сопругата на починатиот доктор Трајче, Ема Нешковска, која напиша:

„Сеуште се трудам нешто да кажам, да сфатам што навистина се случи…. Дали е ова вистина или само сон?!

Ќеркичката Јована неодамна наполни две години! Таа е мојата принцеза, велеше Трајче!

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина пред два дена, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“.

Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.

Тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, каде што починал, два часа го реанимирале, но лекарите не успеале да го спасат. 

Министерот за здравство, премиерот, министерот за внатрешни работи, генералниот секретар и други функционери и лекари се простуваат од Нешковски, пишувајќи дека изгубиле доктор и пријател кој дал многу во борбата со коронавирусот. 

Доктор Трајче Нешковски имаше само 32 години! 

Тој беше син, брат, сопруг и татко на две годишната Јована!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

-Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

ДЕТАЛИ ОД МВР за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор

Министерството за внатрешни работи денес соопшти официјални информации за сообраќајната...

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Последен пат го видов пред Инфективна, маскиран од глава до пети…

Последен пат го видов пред инфективна, маскиран од глава до пети. Го прашував како им...