
Свет
Косово
Убавата новинарка Анита Мучај-Харадинај, која е и сопругата на Рамуш Харадинај, првпат реагираше после веста дека поранешниот премиер ја претепал.
Анита на социјалните мрежи негираше сè и објасни дека тие се среќни заедно веќе 17 години.
„Веќе 20 години работам и сум дел од медиумите во Косово и денес изразувам жалење за медиумското ниво и тенденцијата да се произведуваат банални вести, банални наслови и озборувања за два клика повеќе или помалку, многу пати сум била дел од ваквите вести и сфатив дека игнорирањето би било вистинска форма за одговор на шпекулациите, но ова синоќешното беше невозможно да се игнорира затоа што сум нечија мајка, сестра, пријателка, пријателка и нормално дека тоа вознемирило некого некаде!
Затоа е срамно да се произведуваат толку ниски вести! „Јас сум многу добро и веќе 17 години сум многу добро со Рамуш “, пишува таа.
Извори од Ургентната клиника во Приштина за „Бота сот“ откриваат дека ноќеска имале случај од семејно насилство.
Имено, станувало збор за поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, за кого се тврди дека ја нападнал својата сопруга Анита.
Анита Харадинај, преубавата сопруга на Рамуш Харадинај, е презентерка на вести во Косовска национална телевизија, а неодмна присуствуваше на Самитот на жените во Лондон, каде што беше избрана за една од најмоќните жени во светот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.