Нивната цел е своето знаење и искуство да го пренесат на ученици и да им помогнат правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способности.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 15:09

Се отвора Дурловски академија: Наша цел е да го пренесеме своето знаење и искуство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонските оперски пејачи Ана и Игор Дурловски по 20 години решија своето знаење да го пренесат на свои ученици па денеска гордо објавија дека ја отвораат Академијата Дурловски.

Имате убав глас? Музикални сте? Талентирани? Дали е доволно тоа за да бидете добар оперски, концертен или естраден пејач и да изградите успешна кариера?

Нивната цел е своето знаење и искуство да го пренесат на ученици и да им помогнат правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способности.

Во Академијата за вокална уметност ДУРЛОВСКИ ќе можете да се запознаете со импостација на гласот, техники на дишење, вокална анатомија, поправање на погрешно поставен глас и аномалии во пеењето, подготовка за аудиции, испити, натпревари, концерти и претстави.

Доколку сте заинтересирани за изучување на вокалната уметност и да бидете чекор поблиску до Вашата цел, Ве очекуваме да го споделиме знаењето и искуството стекнато на светските сцени.

Академија ДУРЛОВСКИ ќе започне со работа на 1 октомври 2019. Просторот е лоциран на вториот кат во Ристиќева Палата на Плоштад Македонија, стои на официјалната Фејсбук страна на Академијата.

Инаку Ана Дурловски е родена 1978 во Штип, Македонија. Од 1997 – 2001 студирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е добитник на највисокото признание во областа на културата, титулата национален уметник за 2015 година.

Игор Дурловски пак студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...