Македонија
Култура
Кон крајот на 2019 година ќе биде готова првата фаза од отворањето на научно – технолошки парк во Скопје. Според предлог концептот, тој ќе биде сместен во комплексот технички факултети на УКИМ во населбата Карпош 2.
Фондот за иновации и технолошки развој е одговорен за проектот кој денеска го презентираше нацрт предлогот за основање на научно – технолошки парк во Скопје. По завршувањето на првата фаза, во втората етапа е предвидено негово проширување во следните пет години со изградба на нови капацитети и лаборатории.

„Среќен сум што имаме не само презентација на извонредна студија која што ја финансираше и Европската унија, туку за разлика од други проекти или стратегии, веќе се обезбедени и целосни финансиски средства и целосна конструкција за тој да стане реалност“ изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Научно – технолошкиот парк во Скопје ќе биде раководен од самиот универзитет.
Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, концептот се заснова на три столба, и тоа дигитализација во економијата, општеството и државните институции; трансфер на технологии; и акцелерација на старт – ап компании и нивна интеграција во паркот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Култура
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.