Вирусот бил регистриран и кај тријажна медицинска сестра, која ги примала децата кои во понеделникот дошле во градинката во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2020 10:57

Се отворија пред два дена а денес прв случај на Ковид-19: Воспитувачка во градинка во Србија заразена од корона!

Фото/Текст извор: ©(Kurir.rs)

Српскиот министер за образование, Младен Чаршевиќ, рече дека има процедури кога вирусот корона ќе се појави во градинката.

Вирусот бил регистриран и кај тријажна медицинска сестра, која ги примала децата кои во понеделникот дошле во градинката во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце.

Вирусот бил регистриран и кај тријажна медицинска сестра, која ги примала децата кои во понеделникот дошле во градинката во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце.

На веста која беше објавена во медиумите дека воспитувачката за прием на деца е заразена, Чаршевиќ, како гостин на ТВ Прва, рече:

„Имаме процедури кои се јасно дефинирани. Имавме најава и пред тоа дека две воспитувачки во Мајданпек се заразени, и таму е одложено започнувањето со работа , затоа што тоа е мал град, тоа е една градинка, утврден е карантин, па ќе видиме кога ќе започне со работа.

„Имаме комплетно опремени простории и во согласност со она што го велат епидемиолозите, така и се постапува“.

Чаршевиќ, исто така, процени дека многу малку деца во моментов одат во градинка.

„Исто е и во други земји. Не дојдоа ниту 30% од бројот на пријавени“, додаде министерот за образование.

Инаку градинките во Србија се отворени само два дена, по пауза од два месеци, веќе денес има случај на Ковид-19.

Останува отворено прашањето дали е можеби пребрзо за ваков чекор. Наскоро и во Македонија ќе бидат отворени градинките, кога ќе се создадат услови за тоа.

– Јас сметам дека преку добро изградени протоколи, за однесување, што треба да се преземе од аспект на здравјето и на децата и на вработените во градинките и за спречување на ширење на коронавирусот, децата ќе можат да се вратат во градинките врз основа на тие протоколи. Меѓутоа за тоа владата ќе донесе одлуки, а важно е да има верба кај граѓаните – истакна пред неколку дена техничкиот премиер на државата Оливер Спасовски.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Првaта е дека е забрането влегување во затворени простории без маска, каде ќе треба да се почитува растојанието од 1,5 метри, додека сите што користат јавен превоз ќе треба да носат маски, за што ќе бидат предвидени одредени санкции. Покрај тоа, ќе биде забрането да се соберат повеќе од сто луѓе во затворено и повеќе од 500 на отворено. Работата на угостителите ќе биде ограничена и нема да работи помеѓу 11 и 6 часот наутро.

ВО БЕЛГРАД ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Ова се мерките кои треба да се почитуваат наредните две недели!

Денес е прогласена вонредна состојба на територијата на Белград, како што претходно...

Од правец на Бугарија, патниците ќе влезат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека влезот од другите гранични премини со оваа земја, влезот ќе биде дозволен само во одредени услови.

ГРЦИЈА ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ГРАНИЦИ: За овие две држави забранет е влез во државата- сите ќе бидат тестирани за коронавирус!

По неколкудневните дискусии во рамките на Европската унија, формиран е список на земји...

Тој потенцираше дека пренесувањето на вирусот се должи на директен контакт, што значи дека  однесувањето на граѓаните довело до тоа.

ДОБАР СОВЕТ ОД ДОКТОР КОН: Секој кого ќе го сретнете, сметајте го за заразен!

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека активноста на коронавирусот се зголемува и...

Според последните податоци, од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

ВУЧИЌ ВЕЧЕРВА ЌЕ ГИ СООПШТИ НОВИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Можно е потполно затворање на Белград!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака на Кризниот штаб за справување...