Свет
Вести
Франција и Германија ги прекинуваат летовите кон и од Велика Британија откако земјата регистрираше нов, позаразен вид на коронавирус.
Портпарол на германската влада изјави дека работат на нови регулативи за патувања и се во контакт со партнерите во ЕУ.
Германија исто така сака да го забрани патувањето во Јужна Африка.
Франција од ноќеска на полноќ ќе ги прекине сите патувања на граѓаните, како и транспортот на стока по пат, воздухопловство, море и железница од Велика Британија, каде е откриен нов вид на вирусот корона, објави владата!
Според „Скај њуз“, нова варијанта на вирусот корона, која е 70% позаразна од оригиналната варијанта, е регистрирана во сите делови на Велика Британија, освен во Северна Ирска.
Д-р Сузан Хопкинс од Агенцијата за јавно здравје на Англија изјави дека видот е претежно концентриран во Лондон и на југоисток од Англија.
Министерството за здравство на Бугарија денес објави дека, поради појавата на нов вид на вирусот корона, ќе бидат воведени нови ограничувачки мерки за сите патници кои доаѓаат од Велика Британија.
Наредбата за воведување на задолжителен карантин од 10 дена за сите патници кои доаѓаат од Велика Британија и Северна Ирска, вклучително и државјаните на Бугарија, ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.
Ирска и се придружи на Бугарија во забраната на летови кон Велика Британија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.