
Македонија
Вести
Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги повлече од собраниска процедура спорните три закони од таканаречениот пакет за реформи во јавната администрација поднесени со европско знаменце на предлог на претходната Влада.
Токму овие законски решенија во минатото беа причина синдикатите да излезат на протести поради стравот дека ќе се спречи усогласување на платите со раст на минималецот. Минчев ќе отвори широка дебата, во која ќе бидат вклучени и синдикатите која ќе трае два месеци. Откако ќе се разработат предлозите на сите засегнати страни, кон крајот на септември, ќе се знае како ќе се направи администрацијата помала, поефикасна, на кој начин ќе се формираат платите и назначуваат унапредувања на службениците.
Нема ништо намерно, само треба да се почитува законот. Промената на процентите на етничките заедници во балансерот е направена согласно Законот за вработени во јавен сектор. Ова е реакцијата на министерот за јавна администрација Горан Минчев откако коалицискиот партнер ВРЕДИ го оцени неговиот потег како провокација. Минчев им порача на коалиционите партнери од „Вреди“ да се вразумат и дека тој немал намера никого да провоцира.
„Најмалку имам намера да провоцирам еден од нашите коалициски партнери. Еден од принципите на коалицијата е и тоа. Во Законот за вработени во јавниот сектор, децидно пишува дека алатката балансер се применува за граѓаните кои живеат на територија на Македонија, а тоа е резидентното население. Се надевам дека колегите од ‘Вреди’ ќе се вразумат и ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони, а нема да се занимаваат со дневно-политички теми“ – вели Минчев.
Со новите пресметки на Минчев, кои се базираат исклучиво на процентот на резидентното население во земјава, се намалува застапеноста на Албанците во администрацијата на 24,3%, наместо досегашните 29,5%. Македонците од 54,21% сега се 58,44%. Премиерот Мицкоски истакна дека е очекувано меѓу коалициските партнери да има несогласувања околу некои теми, но поважно е да се согласуваат за поголемиот дел од прашањата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.