Очигледно дека пописот е планирана политичка алатка со која треба да се зацементира трибалистичкиот карактер на политичкиот систем на Македонија, и најпосле да се официјализира и унапреди нејзината федерализација.

Објавил: Перо Милчин | 28 март, 2021 20:45

СЕ ПОПИШУВААТ И ОНИЕ КОИ НЕМААТ ДРЖАВЈАНСТВА – ПОЛИТИЧКАТА И МАНИПУЛАТИВНА НАМЕРА СО ПОПИСОТ ПОТВРДЕНИ И ОД САМИТЕ ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека владините функционери именувани од страна на СДСМ, на чело со директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), ја убедуваат јавноста дека пописот е „само статистичка операција“, нивните партнери во власта, функционери од редовите на ДУИ со пара-пописна структура агитираат кај албанската дијаспора за масовно попишување.

Таков е примерот со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која објавува имиња на луѓе и организации и ги повикува Албанците во дијаспората да ги контактираат за да се попишат на пописот. Од сите овие контакти нема ниту еден од неалбанска заедница, а меѓу нив има и верски организации.

Од ДЗС пак молчат за ваквото грубо мешање на партиски структури во операцијата, која ја водат државни институции и досега нема ниту кривични, ниту прекршочни пријави, освен најава за крвична пријава кон нашата партија за повикување на бојкот на пописот.

Легитимноста на пописот е целосно поткопана! И тоа, не само поради тоа што партиските структури на ДУИ се однесуваат како парарелни институции, туку и поради тоа што тие, тенденциозно и свесно, ја прошируваат палетата на и онака законски манипулативно поставената пописна методологија, се’ со цел да даде нереални и нелегитимни резултати во однос на етничката структура во државава, односно да се прикаже значително поголем број на Албанци од она што навистина е случај на резиденти во Македонија.

Последен пример за ова е новата нерегуларност која деновиве беше потврдена од лица во дијаспората.

Нерегуларноста се однесува на тоа дека, во дијаспората се попишуваат и лица кои се откажале од македонското државјансво?! Имено, ова беше потврдено дури и од Првиот вице-премиер во Владата, Артан Груби, кој кажа дека за да се попишеш „доволно е лицето да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани, или БИЛО КАКОВ друг документ”.

За Груби важно било само да има што поголем број Албанци, што ќе придонело за „унапредување на правата на Албанците во Македонија“.

Очигледно дека пописот е планирана политичка алатка со која треба да се зацементира трибалистичкиот карактер на политичкиот систем на Македонија, и најпосле да се официјализира и унапреди нејзината федерализација.

Оттука, упатуваме повик до сите политички чинители надвор од политичкиот двор на ДУИ, итно да постигнат консензус за откажување на овој попис на неодредено време, се’ додека не се изготви консензуален Закон во кој ке се утврди методологија и контролни механизми, кои реално ќе покажат каква е состојбата на територијата на Република Македонија.

Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица!

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги...

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната...

Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло - фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот.

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации

Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа...