Сите продадени билети досега ќе бидат вратени или разменети во согласност со новиот датум на турнирот Ролан Гарос 2020.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 март, 2020 19:15

СЕ ПОРАДИ КОРОНА: Ролан Гарос одложен за септември!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Организаторите на Роланд Гарос најавија дека вториот гренд слем сезона нема да се одржи како што беше планирано кон крајот на мај и почетокот на јуни поради пандемија на коронавирус.

Натпреварот во Париз е преместен од 20 септември до 4 октомври, но исто така е предмет на промена.

Направивме тешка, но смела одлука во оваа ситуација без преседан, која се влошува од минатиот викенд. Дејствуваме одговорно и ја потенцираме потребата да работиме заедно во обид да се обезбеди здравјето и безбедноста на сите “, рече Бернард Гудичели, претседател на француската тениска федерација.

Сите продадени билети досега ќе бидат вратени или разменети во согласност со новиот датум на турнирот Ролан Гарос 2020.
Повеќе информации за овој процес ќе бидат достапни во наредниот период.

Отворено тениско првенство на Франција (француски: Tournoi de Roland-Garros), познат и како Ролан Гарос, е голем тениски турнир кој се одржува во текот на две недели меѓу средината на мај и почетокот на јуни во Париз, Франција, на стадионот Ролан Гарос.

Тој е втор во низата на Гренд Слем турнирите во годишниот тениски календар и најважниот тениски турнир на земјена подлога во светот. Обично се смета и за втор најзначаен тениски турнир воопшто, веднаш зад неофицијалното светско тениско првенство – Вимблдон, иако во однос на посетеноста и телевизиските преноси е водечки.

Поради бавната подлога и мечевите од пет сета во машка конкуренција, без тај-брејк во последниот сет, Ролан Гарос се смета за физички најисцрпувачкиот тениски турнир во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Филип Краинановиќ што требаше да учествуваат во мастерс во Индијан Велс, имаа среќа да го фатат еден од последните летови на САД кон Европа

Ѓоковиќ со тимот го фати последниот лет за Европа: Србинот ЗБРИША од Америка во последен момент

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот тим го фатија последниот лет за...

Имено тој и овој пат покажа дека иако веќе има достигнато светска слава, знае да остане присебен. Ѓоковиќ кој во моментот е во Белград заедно со своето семејство вчера вечер направи потег кој децата од неговото маало сигурно нема да го заборават никогаш.

Ѓоковиќ воодушеви со овој потег : Светскиот број еден играл тенис со децата од неговата зграда (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е миленикот на женската публика, и тенисерот број еден на кој е горда...