Таа дури и не можеше да ги види сопругот Дони, нејзините родители, роднини или пријатели, поради болнички ограничувања заради пандемијата од коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2020 10:49

СЕ ПОРОДИЛА НА РЕСПИРАТОР А СЕГА ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ- Оваа мајка е вистински херој!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Miror/Blic

Мајка од Охајо која се породи додека беше на респиратор го победи вирусот корона. Меган Сајтс (27) била бремена во седмиот месец со своето второ дете кога на 1 април била префрлена во болницата затоа што имала потешкотии во дишењето, пренесува Мирор.

Тестирањето откри дека е заразена од вирусот корона кој навлегол длабоко во нејзините бели дробови и беше ставена на респиратор. Таа рече дека и сега може да ја почувствува цевката како влегува во душникот. Подоцна била пренесена во друга болница во Дејтон, а како што се подобрила нејзината состојба за кратко време, лекарите го отстраниле респираторот. Но, тогаш се случи ненадејно влошување.

„За 48 часа, мојата состојба се влоши“, изјавила Меган.

Таа дури и не можеше да ги види сопругот Дони, нејзините родители, роднини или пријатели, поради болнички ограничувања заради пандемијата од коронавирусот.

„Имав моменти на распаѓање. Си реков дека ова е тоа, нема да успеам. Сè на моето тело ме болеше, дишењето беше болно, движењата, кашлав непрекинато“, изјави Меган.

Таа побарала од вработените во болницата повторно да ја стават на респираторот, но овој успана. Лекарите му рекле на сопругот на 8 април дека респираторот може да и помогне на Меган за да ја продолжи бременоста до 30-та недела. Сепак, 20 минути подоцна, Дони бил повикан од лекарите да го известат дека белите дробови на Меган откажуваат. Лекарите рекоа дека морале да ја породат следниот ден за да ја спасат.

Меган беше подложена на екстракорпорална мембрана на оксигенација (ECMO)  што според анестезиологот на UC Helt д-р Сузан Бенет е „скоро последна шанса“. Ова значи дека таа била сместена на машина што привремено ги заменува срцето и белите дробови.

Како што објави Мирор,   UC Health никогаш не ставила бремена жена на машина ECMO, но Меган била добар кандидат за тоа.

Кога Меган се разбудила, не се сеќавала дека се породила бидејќи била успана. 

„Оттогаш имав многу халуцинации … но не се сеќавам на самиот третман на ЕКМО“, чудо е што седам овде воопшто да разговарам со вас“, додаде Меган.

После десет дена, Меган конечно можеше да го запознае нејзиниот новороден син Џејмсон, кој сè уште е во болницата. Лекарите велат дека бебето е здраво и нема знаци на инфекција со вирусот и ќе го пуштат да си оди дома за четири до пет недели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ким зборуваше на партиската средба за вирусот корона, додека Северна Кореја ги затвори границите и воведе карантин пред шест месеци.

КИМ СЕ ПОФАЛИ СО УСПЕХ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Детално го планиравме спречувањето на вирусот!

Водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун го поздрави „големиот успех“ во борбата против...

Иако сега пламенот е ставен делумно под контрола од локалната противпожарна единица, ветерот беше тој кој дополнително го отежнува целосното гаснење.

ГРЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Пожари на грчките острови Евија и Крит

Големи пожари избија вчера на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително...

Светската здравствена организација предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешка коронавирусна болест и смрт кај болнички пациенти, иако не може да прецизира колку точно тие ризици можат да бидат повисоки.

ОТКРИЕНА ВРСКА МЕЃУ КОРОНАВИРУСОТ И ЦИГАРИТЕ: Пушачите ова мора да го знаат!

СЗО посочи дека пушачите сочинуваат 18% од хоспитализираните пациенти со коронавирус. Светската...

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека дневно се регистрираат до 160.000 случаи и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

СЗО ГО ПРЕДУПРЕДУВА СВЕТОТ: Пандемијата е се повеќе присутна, придржувајте се до мерките за заштита!

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60% од 10 милиони пациенти ширум...